ПРВ.мк
Македонија

НАПАД СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Вработен во „Комунална хигиена“ брутално нападнат, го следеле па пукале!

НАПАД СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Вработен во „Комунална хигиена“ брутално нападнат, го следеле па пукале!

Скопската полиција работи на расчистување на сериозен инцидент во кој, според пријавата, вработен во ЈП „Комунална хигиена“ бил физички нападнат, а подоцна и следен, при што тврди дека слушнал и истрели од огнено оружје.

Според информациите од СВР Скопје, случајот бил пријавен по настан што се случил на 14 јули 2026 година околу 17:50 часот на улицата „Маџари“ во Скопје.

Во пријавата се наведува дека 48-годишниот Р.И., додека ги извршувал своите работни обврски, бил физички нападнат од 52-годишниот Б.П. од Скопје, кој пристигнал на местото со патничко возило.

Настанот, според исказот на пријавителот, не завршил тука. Тој тврди дека по нападот, осомничениот продолжил да го следи со автомобил сè до неговиот дом, каде што, како што навел, слушнал и истрели од огнено оружје.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и проверка на наводите изнесени во пријавата. Во тек е истрага по која ќе бидат преземени соодветни законски мерки доколку се утврди одговорност.

Најнови вести