Министерството за внатрешни работи предупредува на сериозен бран на лажни СМС пораки кои се шират меѓу граѓаните, претставувајќи се лажно во име на телекомуникациски оператори. Пораките содржат линкови кои водат до измамнички веб-страници, каде што граѓаните се наведуваат да внесат лични или финансиски податоци.
Според Секторот за компјутерски криминал, овие податоци се злоупотребуваат од криминални групи, а штетите можат да бидат огромни – од празнење на банкарски сметки до злоупотреба на идентитет.
👉 МВР апелира:
- Никако не отворајте линкови од непознати СМС пораки
- Не внесувајте податоци на страници кои не се официјални
- Не одговарајте на вакви пораки
- Пријавете ги случаите во полиција
- Блокирајте го бројот на испраќачот веднаш
Министерството нагласува дека работи на идентификација на сторителите и повикува граѓаните да бидат максимално внимателни, бидејќи овие измами се сè почести и сè поумешно изведени.