ПРВ.мк
Македонија

МВР го менува работното време за одобренија за патување на деца: Родителите да внимаваат на новиот распоред

МВР го менува работното време за одобренија за патување на деца: Родителите да внимаваат на новиот распоред

Министерството за внатрешни работи информира дека се менува работното време на шалтерот во Скопје каде што се издаваат одобренија за патување во странство за малолетни лица до 14-годишна возраст.

Според новиот распоред, шалтерот сместен во зградата на МРТВ ќе работи од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00 часот.

Во сабота шалтерот нема да работи.

Од МВР ги повикуваат родителите и старателите навремено да ги планираат своите обврски и да го земат предвид изменетото работно време, особено доколку наскоро планираат патување во странство со малолетно дете.

Со навремено поднесување на потребната документација треба да се избегнат евентуални доцнења при добивањето на одобрението за патување.