Министерството за внатрешни работи ги демантира објавите во дел од порталите и на социјалните мрежи дека полицијата наводно не дозволила граѓани да влезат во Кочани за да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите“ на 16 август 2025 година.
Во соопштението се истакнува дека ниту еден граѓанин не бил спречен да влезе во градот, а полициските контроли кои се вршеле биле редовни и дел од законските надлежности на СВР Штип за обезбедување безбедност на протестот.
„На ниту еден граѓанин кој бил подложен на редовна сообраќајна контрола не му беше скратено правото на слободно учество на протестот, ниту бил задржан повеќе од нормалното потребното време“, велат од МВР и апелираат да не се шират вознемирувачки дезинформации кои создаваат непотребна загриженост кај граѓаните.