ПРВ.мк
Македонија

МРТОВ ПИЈАН ЗАД ВОЛАН: Возел со 2,30 промили алкохол!

МРТОВ ПИЈАН ЗАД ВОЛАН: Возел со 2,30 промили алкохол!

Педесет и четиригодишен жител на кумановското село Клечовце бил лишен од слобода откако полициските службеници утврдиле дека управувал возило под дејство на алкохол. При извршената контрола, кај возачот биле измерени дури 2,30 промили алкохол во крвта.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, случајот бил регистриран на 16 октомври 2026 година, во 23:02 часот, на магистралниот пат А2.

„На 16.10.2026 година, во 23:02 часот, на магистрален пат А2, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ј. (54) од село Клечовце“, информираат од полицијата.

При контролата на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко моторно возило „Шаран“ со кумановски регистарски ознаки. По извршеното тестирање било утврдено дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, при што биле измерени 2,30 промили.

Од СВР Куманово најавуваат дека по целосното документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

„По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, се наведува во полициското соопштение.