41-годишен жител на Велес бил приведен откако полициските службеници утврдиле дека управувал автомобил под дејство на алкохол, со значително надминување на дозволеното.
На 20 ноември, во 02:30 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес запреле патничко возило „Фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки. Автомобилот го управувал Д.Н. (41).
При полициската контрола било извршено алкотестирање, при што било утврдено дека возачот има 1,75 промили алкохол во крвта.
По добиени насоки од јавен обвинител, 41-годишникот бил приведен во полициска станица, а возилото му било одземено.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





