Во рамките на глобалната кампања „Мовембер 2026“, попладнево во Општина Карпош се одржа значаен настанот под мотото „Од превенција до отворен разговор“, посветен на машкото здравје и подигнувањето на свеста за важноста од редовните прегледи.
На настанот со свое обраќање учествуваше министерот за здравство, кој им се заблагодари на градоначалникот Сотир Лукровски за иницијативата, како и на истакнатите лекари-панелисти за нивниот стручен и отворен пристап кон оваа чувствителна тема.
Главната порака упатена од собирот е јасна: машкото здравје повеќе не смее да биде табу-тема.
„Посветете за себе и сопствениот здравствен преглед време и внимание барем колку за својот автомобил. Уролошкиот преглед не е срамен, а здравствените власти активно работат на обезбедување на повеќе превентивни прегледи за граѓаните“, беше истакнато на настанот.
Од надлежните апелираат мажите да не чекаат да се појави првиот проблем, туку навремено да закажат преглед, со порака дека грижата за секој пациент мора да биде секојдневна пракса.




