ПРВ.мк
Македонија

МОДЕРНО И ЕКОНОМИЧНО: Општина Кавадарци инвестира околу 2 милиони денари во ново ЛЕД улично осветлување!

МОДЕРНО И ЕКОНОМИЧНО: Општина Кавадарци инвестира околу 2 милиони денари во ново ЛЕД улично осветлување!

Општина Кавадарци продолжува со континуираните инвестиции за подобрување и модернизација на јавната инфраструктура. Одделението за улично осветлување при општината започна со реализација на проект за поставување ново улично осветлување на повеќе локации низ градското подрачје.

Откако во изминатите години значително се инвестираше во оваа сфера, со што градот целосно го промени својот лик, општината продолжува со сериозни вложувања во модерно и економично осветлување.

Во оваа фаза се поставува комплетно ново улично осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки на следните локации:

  • Западен булевар (позади бензинската пумпа на „Макпетрол“)
  • Булевар „Мишо Шкартов“

Од општината информираат дека во наредната фаза со ново ЛЕД осветлување ќе биде опфатена и улицата „Пане Иванов“.

Вкупната вредност на договорот за изведба на овие градежни активности изнесува 1.998.802 денари со вклучен ДДВ. Како изведувач на работите на терен е ангажирана фирмата „Елмонд Електро“ од Скопје.

Најнови вести