ПРВ.мк
Македонија

Мицкоски со силна порака на Илинден: Овој ден нека нè обедини како народ

Мицкоски со силна порака на Илинден: Овој ден нека нè обедини како народ
Escape

По повод 2 Август – Денот на Републиката, премиерот Христијан Мицкоски оддаде почит пред спомениците на историските личности Никола Карев, Методија Андонов – Ченто и на АСНОМ, истакнувајќи ја вредноста на овој ден како симбол на единство и национална гордост.

Во своето обраќање, Мицкоски рече дека Илинден треба да нè потсети на жртвите на нашите предци кои се бореле за слободна и независна Македонија, каква што денес ја имаме. Потенцираше дека одговорноста на денешната генерација е да остави силна, праведна и среќна држава за идните поколенија.

„Овој ден нека нѐ обединува. Да го славиме достоинствено и вековито, и да не заборавиме – Македонија е држава на сите, без разлика на етничка припадност“, порача Мицкоски.

Покрај полагањето цвеќе пред клучните историски споменици во Скопје, Мицкоски, како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ја предводеше и партиската делегација на чествувањето во Ташмаруништа.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo