ПРВ.мк
Македонија

Илинден не е само историја – тоа е повик да ја одбраниме иднината на Македонија

Илинден не е само историја – тоа е повик да ја одбраниме иднината на Македонија
Escape

Илинден не е само ден за одбележување, туку момент на длабока почит и обновен завет кон татковината. Тоа е ден кога ја славиме непокорната волја на нашите предци, кои преку Крушевската Република и АСНОМ го трасираа патот кон слободна и праведна Македонија.

Овој свет ден ги спојува сите генерации кои сонуваа и се бореа за држава во која ќе владее еднаквост, достоинство и слобода, без разлика на верата, народноста или потеклото. Во Крушево се роди идеалот за заедништво, а во АСНОМ тој идеал доби темел.

Денес, кога се соочуваме со нови предизвици, со обиди за негирање на нашето постоење и историска вистина, нашата одговорност е уште поголема. Да ја чуваме слободата, да го зачуваме идентитетот, и да ја изградиме државата што ќе биде симбол на достоинство, правда и напредок.

Илинден е завет. Тоа е денот кога не само што се навраќаме кон минатото, туку се обврзуваме пред иднината. Да не заборавиме – Македонија мора да победи!

Честит Илинден! Да живее Македонија!

Mia Home Mavrovo