ПРВ.мк
Македонија

Митко Јанчев за првпат ја раскажа драмата: „Беа со пиштоли вперени во мене, излегуваа од грмушките“ - прочитајте го целиот текст

Митко Јанчев за првпат ја раскажа драмата: „Беа со пиштоли вперени во мене, излегуваа од грмушките“ - прочитајте го целиот текст

Градоначалникот на Кавадарци и кандидат за нов мандат, Митко Јанчев, во емисијата „Претрес со Ландов“ детално опиша своето апсење во 2017 година на патарината кон Скопје, во времето на номинациите за градоначалници, за време на владеењето на Зоран Заев и по времето на Никола Груевски.

„Тоа беше за номинацијата на градоначалници во Борис Трајковски. Кога пристигнавме во Скопје, на влезот ни се приклучија две цивилни возила. На одредена локација нѐ запреа две возила напред, две позади, и десетина лица со пиштоли и пушки излегоа од грмушките. Викаа ‘дигај раце’, ‘отвори прозори’. Тоа беше апсење, вистински напад,“ изјави Јанчев.

Тој додаде дека не прифатил да легне на земја, иако му било наредено: „Им реков: ако треба да легнам, еднаш се легнува – нема потреба да станувам повеќе.“

Јанчев нагласи дека вооружените лица незаконски го претресле неговото возило и дека бил држен под нишан, додека еден од командирите со солзи во очите му признал дека „ако излезе пријава, ќе остане без леб“. Според него, целата акција била монтирана од тогашните структури во МВР, поврзани со Алфите и УБК, и била „сценарио за компромитација“.

Иако добил повици од дипломатски претставништва да го пријави случајот, Јанчев одбил, за да не „невини полицајци страдаат поради политички наредби“. Тој потенцираше дека изјавата на портпаролот на МВР за „непрестанување на стоп-знак“ била само покритие за политичка наредба и демонстрација на сила.

Escape