Многу возачи веруваат дека камерите за мерење брзина ги регистрираат возилата уште на неколку стотици метри оддалеченост. Според експертите, тоа не е точно.
Фиксните камери работат во прецизно определена зона на мерење, а брзината ја регистрираат само кога возилото ќе влезе во тој опсег. Доколку е надминато дозволеното ограничување, тогаш системот го евидентира прекршокот и го фотографира возилото.
Еден од најчесто користените системи во Европа, GATSO RT4, ја мери брзината на растојание од околу 10 до 100 метри. Тоа значи дека фактот што сте ја забележале камерата на 300 или 400 метри не значи дека во тој момент веќе сте снимени.
Сепак, експертите предупредуваат дека наглото сопирање непосредно пред камерата не е гаранција дека ќе избегнете казна. Ако во зоната на мерење влезете со брзина поголема од дозволената, прекршокот ќе биде регистриран, дури и ако сте почнале да забавувате само неколку метри претходно.
Тие потсетуваат и дека фиксните камери не треба да се мешаат со полициските радари и ласерските мерачи на брзина, кои можат да ја измерaт брзината на значително поголеми растојанија.
Пораката од експертите е јасна – најсигурен начин да избегнете казна е да ја почитувате дозволената брзина во текот на целото возење, а не само во близина на камерите.







