Милена секојдневно се соочува со тешка и неизвесна борба и има потреба од нашата поддршка за да добие можност за подобро утре. Нејзината мајка, во искрен апел, ја споделува семејната приказна и ги повикува сите хумани луѓе да помогнат – било преку донација, споделување или збор на поддршка.
„Да се обединиме и да ѝ ја дадеме на Милена шансата што ѝ е неопходна! – ова не е само моја желба, туку апел до сите добри луѓе. Секој ваш денар, секое споделување, секој збор на поддршка е светлина на патот кон нејзината иднина“, стои во пораката на мајката.
Донациска сметка во Македонија: 210700000696305 – НЛБ Тутунска банка
Дополнително, донации се можни и преку онлајн-платформа, а наскоро ќе бидат активни и телефонски линии за сите кои сакаат да помогнат на овој начин.

















