Програмата „Преглед на годината со Владимир Путин“ бележи огромен интерес од граѓаните – досега се пристигнати над 314.000 барања со прашања упатени до рускиот претседател, пренесува РИА Новости.
Според податоците, 67% од прашањата ги испратиле жени, додека 33% се од мажи. Темите што најмногу ги интересираат Русите се од социјалната сфера, а веднаш зад нив се прашањата поврзани со воената одбрана, поддршка на војниците, како и економската состојба во земјата.
Собирањето на прашања започна во четврток и ќе трае сè до почетокот на емисијата, која ќе се емитува на 19 декември во 12:00 часот по московско време.
Граѓаните може да ги испраќаат своите прашања преку четбот на националната платформа MAX, преку социјалната мрежа VKontakte, преку веб-страницата moskva-putinu.ru, како и преку социјалната мрежа Odnoklassniki.
Минатогодишното издание траеше четири и пол часа, а Путин одговори на 76 прашања. И оваа година, директната линија ќе биде комбинирана со традиционалната голема прес-конференција, што дополнително го зголемува интересот на публиката и медиумите.

















