ПРВ.мк
Македонија

Сејф сити под лупа - дали трепкачкото жолто ве става под закана за казна?

Сејф сити под лупа - дали трепкачкото жолто ве става под закана за казна?
Kristal

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, во гостување во емисијата „Претрес со Ландов“ ги разјасни најчестите дилеми околу функционирањето на системот „Безбеден град“, посочувајќи дека камерите не казнуваат кога условите го налагаат спротивното.

Трепкачко-жолто и регулирање од сообраќаец Топаловски истакна дека кога раскрсница е ставена под посебен режим – било да станува збор за трепкачко-жолто или регулирање од сообраќаец – системот автоматски престанува да регистрира прекршоци. „Кога раскрсницата е во таква фаза, камерите не снимаат. Тие се поврзани со редовниот режим на работа на светлата. Не функционираат кога има трепкачи или кога сообраќајот го регулира полицаец“, објасни Топаловски.

Дефект на возилото не значи казна Топаловски се осврна и на прашањето дали возач кој мора да запре поради дефект ќе биде казнет. „Возач што запрел со вклучени четири трепкачи, затоа што има расипано возило, нема да биде казнет. Системот го увидува тоа, а и службениците што работат со него ја проценуваат реалната состојба“, додаде тој.

Проценка пред казна Началникот нагласи дека санкциите нема да се изрекуваат механички или без проценка. Секогаш ќе се зема предвид дали постоела реална пречка или опасност, што значи дека системот е прилагоден на реалните сообраќајни услови и безбедноста на возачите.

Ова го разјаснува најчестото прашање меѓу возачите за функционирањето на „Безбеден град“.

FixCredit
Atensa 300
Escape