На 7 декември 2025 година, околу 03:00 часот по полноќ, во ОВР Кичево била пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар–Кичево, во близина на кичевското село Трапчин Дол. Според информациите, патничко возило „Волво“ со американски регистарски таблички, управувано од 32-годишниот Ф.А. од Кичево, излетало од коловозот под засега неутврдени околности.
Во несреќата тешки телесни повреди добила 25-годишната сопатничка А.З. од Кичево, која била итно пренесена во Медицинскиот центар во Кичево. Возачот, исто така, се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани од медицинските служби.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кичево, која работи на целосно утврдување на причините што довеле до излетувањето на возилото од патот.

















