ПРВ.мк
Македонија

МАСОВНА АКЦИЈА НА МВР: Разбиена организирана мрежа - паднаа и неколку бизнисмени!

МАСОВНА АКЦИЈА НА МВР: Разбиена организирана мрежа - паднаа и неколку бизнисмени!

Во голема полициска акција спроведена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи, под раководство на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, е разбиена организирана криминална група осомничена за повеќе сериозни кривични дела.

Акцијата се одвивала вчера, а врз основа на претходно обезбедени наредби од Основниот кривичен суд биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола.

Според првичните информации, во рамки на операцијата се лишени од слобода повеќе лица, меѓу кои има и доктори вработени во скопските клиники, како и сопственици на дерматолошки ординации. Дел од осомничените се поврзуваат и со бизнис секторот, што укажува дека истрагата опфаќа поширока мрежа на инволвирани лица.

Надлежните институции засега не откриваат детали за конкретните кривични дела, но посочуваат дека станува збор за организирана група која подолг период била предмет на оперативно следење.

Полицијата и обвинителството продолжуваат со активностите за целосно расчистување на случајот и утврдување на улогата на секој од осомничените во криминалната шема.

Најнови вести