На подрачјето на скопската општина Аеродром, по полноќ бил приведен 15-годишник кај кого полицијата пронашла и одзела марихуана.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска (18 август) полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода малолетникот од Скопје.
При преземените дејствија кај него била пронајдена марихуана, која била одземена од страна на полицијата.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.
Надлежните продолжуваат со постапувањето за целосно расчистување на околностите поврзани со случајот.






