ПРВ.мк
Македонија

Македонија решително против криминалните мрежи – министерот најавува уште посилна меѓународна соработка

Македонија решително против криминалните мрежи – министерот најавува уште посилна меѓународна соработка

Борбата против трговијата со луѓе, заштитата на најранливите и зајакнувањето на меѓународната соработка беа во фокусот на обраќањето на министерот за внатрешни работи на Регионалниот експертски состанок, организиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ).

Со јасна и одлучна порака, министерот го нагласи значењето на заедничкото дејствување против криминалните мрежи, потенцирајќи дека во борбата против трговијата со луѓе не смее да има компромиси.

На состанокот се разговараше за современите безбедносни предизвици, новите облици на експлоатација и потребата од уште поцврста соработка меѓу институциите, со посебен акцент на навременото препознавање, поддршката и заштитата на жртвите.

Македонија повеќе од две децении ги развива институционалните капацитети за спротивставување на трговијата со луѓе, градејќи пристап кој ги опфаќа превенцијата, кривичниот прогон, заштитата и реинтеграцијата на жртвите.

„Зад секој случај стои човечка судбина. Нашата обврска не е само да ги откриеме и санкционираме сторителите, туку и да им обезбедиме заштита, поддршка и достоинство на жртвите“, истакна министерот.

Токму човечкото достоинство и безбедноста на граѓаните остануваат во центарот на заложбите за поефикасна борба против овој сериозен облик на организиран криминал.

Министерот изрази благодарност до УНОДЦ за континуираната поддршка, нагласувајќи дека Македонија ќе продолжи да ја зајакнува регионалната и меѓународната соработка.

Пораката е јасна – против криминалот со заеднички сили, а за жртвите со заштита, поддршка и достоинство.