ПРВ.мк
Македонија

МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ: Исчезна 19-годишник!

МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ: Исчезна 19-годишник!

19-годишен жител на Тетово е пријавен за исчезнат, откако неговата 64-годишна баба пријавила дека го напуштил домот и оттогаш не е пронајден.

Случајот бил пријавен на 11 август во 16:30 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, З.А. пријавила дека нејзиниот 19-годишен внук С.А. го напуштил домот на 10 август. Од тој момент, според пријавата, семејството нема информации каде се наоѓа.

МВР потврдува дека случајот е евидентиран и дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на младото момче.

Надлежните служби работат на утврдување на неговото движење и околностите под кои го напуштил домот, а потрагата продолжува.