ПРВ.мк
Македонија

Македонија ја чува верската традиција – еве како се одвиваат подготовките за Богојавление!

Македонија ја чува верската традиција – еве како се одвиваат подготовките за Богојавление!
Kristal

Во понеделник, 19 јануари, Македонија ќе го одбележи традиционалниот празник Богојавление – Водици, кога водите ќе бидат осветени, а светиот крст ќе биде положен во реките и езерата, следејќи вековна традиција на скок по светиот крст.

Во Скопје, околу 140 лица се пријавиле за учество во ритуалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на градот, соопшти отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Одбележувањето започнува во 9 часот со литургија во храмот, предводена од архиепископот г. г. Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

По литургијата, богојавленската поворка со свештенството ќе се упати кон мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј Ин“, каде ќе се изврши „Водосветот“. Околу 12 часот, архиепископот ќе го положи Светиот крст во водите на Вардар, а учесниците ќе се натпреваруваат кој прв ќе го извлече.

И Охрид е подготвен за најмасовната верско-културна манифестација во земјава. Чинот на положување на Светиот крст во Охридското Езеро ќе започне во 10 часот од Колцето на пристаништето, предводен од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георги.

По полагањето, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи концерт на фолк-пејачките Елена Андоноска и Елена Велевска, а за верниците ќе се служи и топла ракија. Во текот на денот, од 9 до 15 часот, Црвениот Крст – Охрид организира традиционална крводарителска акција под мотото „Една капка може да промени се“. Екипи на Црвениот Крст ќе бидат задолжени и за безбедноста на капачите.

Исто така, кај месноста Сараиште во Охрид точно напладне ќе се изврши бесплатно групно крштевање од страна на свештено лице.

Понеделник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, кои ќе можат да учествуваат во верските и културните активности.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape