ПРВ.мк
Македонија

Лихварство и фалсификати: Заем од 35.000 евра го чинел жртвата над 15.000 евра камата – уапсени лихвар и нотар

Лихварство и фалсификати: Заем од 35.000 евра го чинел жртвата над 15.000 евра камата – уапсени лихвар и нотар
Escape

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 39-годишниот Т.В. од село Неготино, гостиварско, поради серија тешки кривични дела, вклучувајќи лихварство, употреба на исправа со невистинита содржина, фалсификување на исправа и злоупотреба на лични податоци. Заедно со него, пријавени се и 48-годишниот Ј.Д. од село Добри Дол и едно правно лице – нотар од Гостивар, поради несовесно вршење на службата, фалсификување и злоупотреба на лични податоци.

Според полицијата, од 2022 година па наваму, Т.В. ја искористувал тешката финансиска состојба на едно лице од Гостивар и му позајмувал пари со астрономски камати. За заем од 35.000 евра, жртвата требала да врати 15.000 евра камата за само една година, а потоа и дополнителни 3.000 евра месечно, сè додека не го отплати долгот.

Кога жртвата не можела да ги подмири обврските, Т.В. со сила и закани го присилил да потпише договор за купопродажба на имот, кој бил заверен кај нотар. Полицијата открила и дека на 27 септември 2023 година, Т.В. изработил лажен договор за продажба на моторно возило, заверен кај нотар во период кога жртвата не била присутна во државата.

Нотарот, кој е второпријавен во случајот, без присуство и без согласност на сопственикот, заверил договор со кој возилото било продадено за само 1.000 евра на трето лице, користејќи туѓи лични податоци, што претставува сериозен прекршок на законот и нотарската етика.

МВР соопшти дека работата на расчистување на случајот е во завршна фаза и против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Mia Home Mavrovo