Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се очекува да ги распише локалните избори, иако се уште нема официјална потврда од Кабинетот на спикерот.
Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата.
Утрешниот ден всушност е и последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври.
Со чинот на распишување ќе почнат да течат роковите за изборниот процес. Локалните избори треба да се одржат и завршат на 19 октомври за советниците, а доколку има втор круг за градоначалници гласањето ќе биде на 2 ноември.
На локалните избори, граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.
Веднаш по распишувањето, ќе се состане Државната изборна комисија и ќе го утврди календарот-роковник.
Рокот за поднесување на листите, според законот е најдоцна 35 дена пред денот на одржување на изборите, што значи подносителите имаат рок најдоцна до 15 септември за да ги поднесат листите со советници и градоначалници.
Државната изборна комисија ќе има неколку дена да ги провери и најдоцна 27 септември да ги утврди листите.
Изборната кампања ќе трае започнува на 30 септември.
Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони и 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.