ПРВ.мк
Македонија

ДО ПЕТОК ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛ — Многу топол бран доаѓа од југ

ДО ПЕТОК ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛ — Многу топол бран доаѓа од југ
Escape

Многу топол бран од југ во Македонија: Температурите одат до 40 степени!

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во нашата Република Македонија се до петок (15 август) времето ќе биде многу топло, стабилно, суво и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во Скопје и околината се до петок (15 август) времето ќе биде многу топло, стабилно, суво и сончево со мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во понатамошен пораст и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува до околу 40 степени.

Апелирам, поради многу топлиот Африкански бран, и многу високите температури на воздухот, граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но да пијат и повеќе течности.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape