ПРВ.мк
Македонија

КРВАВА ТЕПАЧКА ВО МАКЕДОНИЈА: 9 лица приведени – летале ножеви и дрва, има повредени!

КРВАВА ТЕПАЧКА ВО МАКЕДОНИЈА: 9 лица приведени – летале ножеви и дрва, има повредени!

Девет лица се приведени по масовна тепачка што се случила на Осломешката крстосница во Kičevo, во која биле употребени ножеви и дрвени предмети.

Инцидентот се случил околу 01:30 часот, кога дошло до жестока физичка пресметка меѓу повеќе лица. Во тепачката биле користени опасни предмети, при што две лица се здобиле со расекотини и други повреди.

Полицијата реагирала и околу 03:40 часот привела деветмина учесници – млади лица од Прилеп, Битола и Кичево. Акцијата ја спровеле полициски службеници од ОВР Кичево.

Надлежните информираат дека по целосно расчистување на случајот, против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.