Денес се одбележуваат 14 години од петкратното убиство кај Smilkovsko Ezero, едно од најтешките злосторства во поновата македонска историја.
Претставници на Opština Gazi Baba положија цвеќе и запалија свеќи на местото на трагедијата, информира градоначалникот Boban Stefkovski.
На 12 април 2012 година беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацковски (19), Кире Тричковски (20) и Борче Стевковски (45).
Настанот предизвика силен шок и длабока тага во јавноста, а случајот и денес останува една од најболните теми во македонското општество.
На местото на трагедијата е изградена и црквата Sv. 40 Mačenici, како траен спомен и потсетник на изгубените животи.










