Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 45-годишниот З.С. од Скопје, поради сомнение дека извршил две тешки кражби на пригушници од железничка пруга.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кражбите биле извршени на две различни локации – едната на подрачјето на Полициската станица Аеродром, а другата на подрачјето на ПС Драчево.
По добиената пријава, полицијата презела мерки и активности, по што осомничениот бил пронајден и приведен во Полициската станица Аеродром.
Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, „Железници на РСМ“.
Од МВР информираат дека случајот дополнително се расчистува и документира, а по неговото целосно комплетирање против 45-годишниот скопјанец ќе биде поднесена соодветна пријава.







