ПРВ.мк

Коњановски: Горди сме на спортските успеси на младите, тие се иднината на Битола

Коњановски: Горди сме на спортските успеси на младите, тие се иднината на Битола
Jumbo Banner

Битола не случајно е расадник на талентирани спортисти, особено во ракометот и кошарката, беше потенцирано на денешната средба на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, со државните прваци од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во ракомет во машка и женска конкуренција, како и со трето пласираните на државно ниво во кошарка, на ниво на средни училишта во земјава. На средбата, покрај учениците спортисти, присуствуваа и директорката на гимназијата Лидија Споа, како и професорите по физичко образование Антонио Трпковски и Михајло Силјанов, заслужни за успешните резултати на нивните ученици.

Градоначалникот Коњановски им честиташе на младите спортисти, за одличниот пласман и освоените први места на машката и женската екипа на гимназијата во ракомет, во конкуренција на над 90 екипи од средните училишта во државата, но и на кошаркарите, кои во конкуренција од 94 екипи, го освоија третото место. 

„Освоените пехари, се само доказ дека имаме иднина во спортот и таа иднина треба постојано да ја надградуваме. Како локална самоуправа, континуирано вложуваме во училишниот спорт, што се потврдува и со реконструкцијата на спортските сали. Аплициравме за изградба на нови три спортски сали, како и за 10 спортски терени во училиштата. Успехот на нашите ученици е само мотив повеќе, да се грижиме за младите и за нивниот квалитетен физички развој и идни  домашни и меѓународни спортски успеси“, рече Коњановски. 

Гимназијата „Јосип Броз Тито“, во континуитет покажува одлични спортски резултати. Годинава, истакна директорката Лидија Споа, гимназијата беше домаќин и одличен организатор на државното првенство во кошарка за средни училишта, кое федерацијата на училишен спорт на Македонија за учебната 2024/2025 година, организацијата ја додели на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Битола. Целокупната агенда на државниот настан, планот и програмата на државното првенство ја презеде СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“  и Стручниот актив по спорт и спортски активности.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран