Убава вест за граѓаните кои редовно скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Управата за јавни приходи (УЈП) започна со исплатата на средствата од повратот на ДДВ за изминатиот квартал.
Парите се исплаќаат директно на трансакциските сметки на корисниците, а граѓаните во наредниот период треба да ги добијат износите што им следуваат врз основа на скенираните фискални сметки.
Исплатата се однесува на граѓаните кои учествувале во проектот „Мој ДДВ“ и оствариле право на поврат на дел од платениот данок на додадена вредност.
Колку пари треба да добиете?
Секој корисник може да го провери износот на остварениот поврат преку апликацијата „Мој ДДВ“, каде што се евидентираат скенираните фискални сметки и пресметаните средства.
Бидејќи исплатата се спроведува во наредниот период, средствата не мора да пристигнат истовремено кај сите корисници.
Проектот „Мој ДДВ“ им овозможува на граѓаните да добијат поврат на дел од платениот ДДВ преку скенирање фискални сметки од секојдневното купување.
Од УЈП започнаа со исплатата, а граѓаните треба да ги следат своите трансакциски сметки и апликацијата за да проверат дали средствата им се префрлени.







