ПРВ.мк
Македонија

КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА? Двајца судии во трка за претседателската функција

КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА? Двајца судии во трка за претседателската функција

Скопската Апелација ќе добие нов претседател, а во трката за функцијата се двајца судии – Лидија Зимбовска и Зоран Герасимовски, кој во моментов ја извршува функцијата в.д. претседател на судот.

Судскиот совет ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата за избор на претседатели на Апелацискиот суд Скопје и Основниот суд Струга. Со тоа е констатирано дека кандидатите ги исполнуваат условите за продолжување на постапката.

Герасимовски пред околу два месеца беше избран за в.д. претседател на скопска Апелација, откако дотогашната претседателка Мери Дика Георгиевска беше избрана за судијка во Уставниот суд.

За претседателската функција во Основниот суд Струга, пак, е пријавен само еден кандидат – Танче Петревски.

На седницата Судскиот совет избра и претседатели на три основни суда. За Основниот суд Гостивар е избран досегашниот в.д. претседател Мирослав Петровски, за Основниот суд Дебар – Оруч Абазовски, додека за претседател на Основниот суд Свети Николе е избрана Валентина Буровска.