ПРВ.мк
Македонија

Кој ќе ја води општината ако нема градоначалник? Законот крие неочекувано решение

Кој ќе ја води општината ако нема градоначалник? Законот крие неочекувано решение
Kristal

Денеска во 32 општини и во Градот Скопје се одржува вториот круг на изборите за градоначалници, а во Шуто Оризари на три избирачки места се повторува гласањето и за советници.

Во овој круг, граѓаните избираат меѓу двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. За градоначалник се смета избран кандидатот кој освоил поголем број гласови.

Но, што се случува ако и по вториот круг не биде избран градоначалник? Според Изборниот законик, доколку поради какви било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена по завршувањето на изборите ја известува Владата.

По добивањето на известувањето, Владата е должна во рок од 15 дена да именува повереник кој привремено ќе ги извршува работите од надлежност на градоначалникот.

Потоа, најдоцна 15 дена по денот на именувањето на повереникот, Владата го известува претседателот на Собранието за да се распишат нови избори за градоначалник.

Државната изборна комисија, пак, првичните резултати ги објавува по електронски пат сукцесивно, додека конечните резултати мора да бидат објавени најдоцна 24 часа по нивната конечност.

Законот, значи, не остава простор за празнина во власта – дури и кога изборите нема да донесат градоначалник, општината останува под институционална контрола сè до повторното гласање.

Escape