ПРВ.мк
Македонија

КОНЕЧНО ВО МАКЕДОНИЈА: Следува ново зголемување на платите!

КОНЕЧНО ВО МАКЕДОНИЈА: Следува ново зголемување на платите!
Kristal

Фондот за здравствено осигурување најавува продолжување на политиката за раст на платите во јавното здравство, со цел подобро вреднување на трудот и унапредување на квалитетот на здравствените услуги. Ова го соопшти директорот на ФЗО, Сашко Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

Според неговите информации, платите во здравствениот сектор веќе се зголемени вкупно за 17 проценти преку две корекции – во ноември 2024 и во март 2025 година. Најголемото покачување го добиле вработените од понискиот и средниот кадар, додека кај матичните лекари капитациските надоместоци се зголемени за 33 отсто.

Клековски најави дека во март годинава ќе следи ново процентуално зголемување на платите, договорено со синдикатите, со што повторно ќе се подобри позицијата и на лекарите во јавниот систем.

Покрај платите, ФЗО отвори и прашање за финансиската дисциплина. Според директорот, досега нема вратени средства од незаконски исплатени надоместоци во јавните здравствени установи. Тој предупреди дека при наредните контроли ќе следуваат санкции за оние што не ги почитуваат правилата.

Во таа насока, Фондот работи на дигитализација на контролите и воведување поефикасен систем на казни, но и стимули за здравствените установи кои работат транспарентно и законски.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo