ПРВ.мк
Свет

ТРАМП СО НОВА МОДРИЦА НА РАКАТА - еве што се случува!

ТРАМП СО НОВА МОДРИЦА НА РАКАТА - еве што се случува!
Kristal

За време на неговото појавување на Светскиот економски форум во Давос, вниманието на јавноста не го привлече само говорот на Доналд Трамп, туку и видлива црно-сина модринка на неговата лева рака. Фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи, отворајќи нови прашања за здравствената состојба на американскиот претседател.

Ова не е првпат Трамп да биде забележан со вакви траги. И во минатото, јавноста реагираше на модринки – тогаш на десната рака – што дополнително ги поттикна шпекулациите. Од неговото повторно стапување на функцијата, здравјето на 79-годишниот претседател често е предмет на дебати, од забелешки за замор до видливи физички промени.

Неговиот личен лекар, Шон Барбабела, објасни дека Трамп редовно зема околу 325 милиграми аспирин дневно, доза значително повисока од вообичаената превентивна. Според него, токму ова може да биде причината за појавата на модринките, бидејќи аспиринот ја разредува крвта.

Самиот Трамп во изјава за „Волстрит журнал“ истакна дека свесно зема поголема доза, верувајќи дека тоа е подобро за работата на срцето, и призна дека токму тоа доведува до полесно појавување на модринки.

Од Белата куќа, пак, понудија поедноставно објаснување – честото ракување со луѓе. Сепак, експертите не ја исклучуваат ниту можноста дека тенката кожа, возраста или одредени терапии имаат влијание.

И покрај сè, Трамп продолжува да тврди дека е во одлична здравствена форма, дури и подобра од онаа на Барак Обама, кој е значително помлад од него.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo