ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) Танц пред ресторанот на својот син: Мајката на Адријан Гаџа стана интернет сензација!

(ВИДЕО) Танц пред ресторанот на својот син: Мајката на Адријан Гаџа стана интернет сензација!
Kristal

По подолга пауза од медиумското внимание, името на Адријан Гаџа повторно се најде во центарот на јавноста – но овојпат поради момент што никого не остави рамнодушен. Главната ѕвезда не е тој, туку неговата мајка Сузана, чија енергија и животна радост ја освоија јавноста.

Видео кое се прошири со молскавична брзина на социјалните мрежи ја прикажува Сузана како танцува пред ресторанот на својот син, и тоа на студено време, облечена во фустан и патики. Нејзиниот спонтан настап, насмевката и младешкиот дух предизвикаа лавина реакции, а коментарите беа едногласни – ваква енергија ретко се гледа.

Следбениците коментираа дека Сузана зрачи со позитивност и изгледа значително помладо од своите години, што не е изненадување за оние кои го следат Гаџа на Инстаграм. Тој често споделува заеднички моменти со мајка си, а особено внимание привлече објавата од 8 Март, кога ѝ подари букет рози – гест што беше поздравен со бројни пофалби.

Адријан Гаџа беше едно од најпрепознатливите имиња на македонската музичка сцена во раните 2000-ти, по што ја продолжи кариерата во Косово и Албанија, каде што и денес е активен и популарен. Тој неодамна изјави дека тие пазари бараат целосна посветеност, но на прашањето дали ќе се врати со нова песна во Македонија, кратко одговори: „Никогаш не се знае“.

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

Покрај музиката, Гаџа успешно се оствари и како угостител, отворајќи сопствен ресторан во Скопје – место кое, благодарение на неговата мајка, сега има и своја вирална приказна.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo