ПРВ.мк
Свет

Остра порака од Вашингтон: Европа тоне, следете друг пат!

Остра порака од Вашингтон: Европа тоне, следете друг пат!
Kristal

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, испрати остра порака до српскиот претседател Александар Вучиќ, повикувајќи го јавно да се дистанцира од Европската Унија и да се ориентира кон САД.

Во објава на социјалната мрежа X, Гренел жестоко ја критикуваше Европа, тврдејќи дека Брисел ги задушува економиите, додека иновациите и растот на компаниите се во застој. Според него, Србија нема што да бара на европскиот пат и треба да го следи американскиот модел на развој.

Реакцијата на Гренел доаѓа откако еврокомесарката за проширување Марта Кос соопшти дека во Давос разговарала со Вучиќ за реформите што Србија треба да ги спроведе за да остане на европскиот курс и да напредува во рамки на планот за раст на ЕУ.

Вучиќ, кој моментално престојува во Давос, се осврна и на иницијативата на Трамп за формирање „Одбор за мир“, истакнувајќи дека сè уште не е јасно какви задачи би имал тој комитет. Тој нагласи дека постои голема разлика меѓу финансиска помош и испраќање воени трупи, додавајќи дека оваа иницијатива дополнително ја поделила Европа.

Според Вучиќ, дел од европските земји одбиваат учество или сè уште не зазеле став, а ситуацијата станува уште посложена поради вклучувањето на глобални сили како Кина. Тој оцени дека наредните недели ќе бидат клучни за појаснување на иднината на оваа иницијатива.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo