ПРВ.мк
Македонија

ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА : Малолетници брутално претепале 13-годишно момче – нападот сниман со телефон!

ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА : Малолетници брутално претепале 13-годишно момче – нападот сниман со телефон!

Тринаесетгодишно момче било жртва на брутален напад од група малолетници во скопската населба Аеродром, при што напаѓачите користеле и тврд предмет, а целиот инцидент бил сниман со мобилен телефон.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје од страна на неговиот татко, кој информирал дека нападот се случил на 25 април околу 21 часот, додека неговиот син бил во друштво со уште петмина врсници.

Според пријавата, напаѓачите не застанале само на едно дете – се обиделе да нападнат и другар на жртвата, а во еден момент едно од лицата извадило и нож, што дополнително ја влошило ситуацијата.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сите инволвирани лица.

Инцидентот повторно ја отвора загриженоста за насилството меѓу малолетниците и злоупотребата на социјалните мрежи, каде ваквите сцени често завршуваат како „содржина“ наместо да бидат навреме пријавени.