ПРВ.мк
Македонија

ЌЕ СЕ НАБАВАТ ЛЕКОВИ ЗА СЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ ОДЕДНАШ: Tерапија за пациентите со ретки болести мора да има!

ЌЕ СЕ НАБАВАТ ЛЕКОВИ ЗА СЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ ОДЕДНАШ: Tерапија за пациентите со ретки болести мора да има!
Kristal

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека пациентите со ретки болести ќе ги добијат неопходните лекови, потенцирајќи дека годинава за првпат ќе се спроведе тригодишна набавка на терапија, наместо досегашната практика набавките да се прават за период од една година.

– Владата од оваа година ќе има тригодишна набавка и можеби изгледа дека овој буџет е намален бидејќи методологијата беше поинаква, но ви гарантирам дека ниеден граѓанин и ниедно дете нема да останат без потребните лекови и без медицински третман – истакна Алиу, одговарајќи на прашање од пратеничката Бисера Костадиновска поврзано со средствата за ретки болести, пренесе МИА.

Министерот нагласи дека обезбедувањето терапија е обврска на Министерството за здравство и на државата, особено кога станува збор за деца кои од најрана возраст се соочуваат со сериозни здравствени предизвици.

Зголемен буџет за едукација и нови протоколи

Покрај тригодишната набавка на лекови, Алиу информираше дека е зголемен буџетот за трансфер на знаење кај лекарите кои работат со пациенти со ретки болести.

– Имаме средби со надворешни експерти кои работат со нашите лекари, за да воведеме нови методи на лекување, не само во однос на лековите туку и во делот на други третмани кои се дел од целиот здравствен екосистем – посочи министерот.

Дополнително, се воведува стандардизација на процедурите, при што секој лекар што третира пациенти со ретки болести ќе мора да постапува според строго утврден протокол. Планирано е и воведување софтверско решение преку кое ќе се следи состојбата на пациентите, со цел подобра контрола и континуитет на терапијата.

Со овие мерки, од Министерството очекуваат поголема стабилност во снабдувањето со лекови и подобрување на грижата за пациентите со ретки болести во земјата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape