Со речиси совршен просек 9,84, Милена Николовска е прогласена за најуспешен студент на Институтот за биологија при Природно-математички факултет - Објавија од Факултети.мк
Нејзиниот успех не е случајност, туку резултат на години посветеност, љубопитност и љубов кон науката.
Интересот за биологија го развила уште во основно училиште, каде активно учествувала на натпревари и освојувала државни награди. Подоцна, во средното образование, целосно ја освоила молекуларната биологија – област што ја опишува како клучна за разбирање на многу заболувања и подобрување на квалитетот на животот.
Извор: Факултети.мк

















