Вистински шок во Кавадарци!Додека реновирала дел од својот дом, 60-годишна жителка на градот открила опасна содржина во подрумот – вкупно 55 неексплодирани детонаторски каписли.
Случајот бил пријавен вчера околу 17:20 часот во ОВР Кавадарци, по што на лице место веднаш интервенирале пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување. Тие ја обезбедиле локацијата и безбедно ги подигнале сомнителните предмети.
По завршената проверка било потврдено дека се работи за детонаторски каписли со висок ризик, кои со години стоеле во подрумот без да бидат забележани.
На местото е извршен увид од екипа на ОВР Кавадарци, а надлежните служби ќе го утврдуваат потеклото на капислите и како завршиле во приватен дом.
















