ПРВ.мк
Македонија

ЈП „Комуналец“ од Кавадарци продолжува со реализација на инфраструктурни зафати во населените места низ општината!

ЈП „Комуналец“ од Кавадарци продолжува со реализација на инфраструктурни зафати во населените места низ општината!

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци продолжува со реализација на инфраструктурни зафати во населените места низ општината.

Во селото Бегниште, Кавадарци, во тек се градежни активности за изградба на потпорен ѕид и дислокација на дел од фекалната канализациона мрежа. Проектот се реализира по барање на Месната заедница, а со поддршка и одобрение од Локалната самоуправа на Општина Кавадарци.

Со овие градежни зафати се создаваат побезбедни услови за жителите и дополнително се унапредува комуналната инфраструктура во селото. Од ЈП „Комуналец“ – Кавадарци информираат дека претпријатието и понатаму останува посветено на реализација на проекти кои произлегуваат директно од потребите на граѓаните, со цел подобрување на квалитетот на живот во сите населени места во општината.