Во близина на граничниот премин Јажинце пожарот повторно се разгоре, поттикнат од силниот ветер. Противпожарни екипи, државни служби и локални жители заедно се борат за да го стават под контрола.
Густ чад се издига над регионот, а условите на терен се тешки. На местото пристигна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој изјави дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно гаснење и дека соработката меѓу институциите и граѓаните е клучна за спречување на понатамошно ширење.
Екипите работат со приоритет да ги заштитат околните села и инфраструктурата. Засега нема евакуации, но надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат официјалните упатства.