Државната изборна комисија (ДИК) на прес-конференција објави податоци за излезноста на денешните локални избори во скопските општини до 18:30 часот.
Процентот на излезност во општините е следен:
- Сарај – 55,20%
- Карпош – 49,92%
- Бутел – 49,71%
- Центар – 49,41%
- Кисела Вода – 46,25%
- Аеродром – 45,50%
- Ѓорче Петров – 45,09%
- Гази Баба – 41,97%
Официјалните и конечни резултати за излезноста ќе бидат објавени околу полноќ, по затворањето на гласачките места.