ПРВ.мк
Македонија

Ива Михајлова со активна судска забрана: Полицијата провери дали ја преминала границата со Бугарија

Ива Михајлова со активна судска забрана: Полицијата провери дали ја преминала границата со Бугарија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по извршените проверки во системот за гранична контрола, не е пронајдена евиденција дека Ива Михајлова, за која важи активна судска забрана, ја напуштила територијата на Македонија.

Според информациите од МВР, надлежните служби извршиле детална проверка на граничните евиденции за да утврдат дали лицето остварило излез од државата.

Проверките покажале дека нема регистриран излез на Ива Михајлова од Македонија.

Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, биле побарани информации и од бугарската гранична полиција.

Оттаму потврдиле дека нема евидентиран легален влез на лицето на територијата на Бугарија.

Според официјалните податоци, последниот регистриран влез на Михајлова во Бугарија бил во септември 2025 година.

Еден месец подоцна, во октомври 2025 година, бил евидентиран нејзин излез од Бугарија, односно влез во Македонија.

Оттогаш, според достапните гранични евиденции, нема податоци за ново легално преминување на границата меѓу двете држави.

Од МВР нагласуваат дека за лицето и понатаму е во сила активна судска забрана.

Сепак, отсуството на евидентирано преминување на границата само по себе не претставува потврда за моменталната местоположба на лицето.

Најнови вести