Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека е извршено превентивно повлекување од пазарот на неколку серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“, по добиени информации преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF).
Како што информира АХВ, кај одреден ограничен број серии постои можност за присуство на цереулид, поради што веднаш била спроведена итна инспекциска контрола кај увозникот. Од таму било потврдено дека спорните производи веќе се повлечени од пазарот и е спроведено нивно официјално отповикување.
Повлекувањето се однесува на следните производи и серии:
APTAMIL AR 2 – Лот: 20250924 / 111492248 – рок 24.09.2026 – Лот: 20251106 / 111505015 – рок 06.11.2026
APTAMIL PRONUTRA 2 – Лот: 20250619 / 111450979 – рок 19.06.2026 – Лот: 20260720 / 111470149 – рок 20.07.2026 – Лот: 20260922 / 111494041 – рок 22.09.2026 – Лот: 20261027 / 111509436 – рок 27.10.2026 – Лот: 20261130 / 111518857 – рок 30.11.2026 – Лот: 20261219 / 111526365 – рок 19.12.2026 – Лот: 20270121 / 111539141 – рок 21.01.2027
APTAMIL PRONUTRA 1 – Лот: 20260722 / 111473082 – рок 22.07.2026 – Лот: 20260904 / 111489543 – рок 04.09.2026 – Лот: 20261014 / 111504828 – рок 14.10.2026 – Лот: 20261126 / 111519122 – рок 26.11.2026
Од АХВ апелираат до сите потрошувачи кои имаат купено некој од наведените производи со точно определените сериски броеви и рокови на употреба, истите веднаш да престанат да ги користат. Производите треба нештетно да се уништат или да се вратат на продажното место каде што се купени.
Агенцијата потенцира дека мерката е преземена навремено и превентивно, со цел заштита на здравјето на најмладите и зачувување на безбедноста на храната на пазарот.

















