ПРВ.мк
Македонија

АЛАРМ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ: Во Македонија се продаваат несигурни козметика и детски играчки!

АЛАРМ ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ: Во Македонија се продаваат несигурни козметика и детски играчки!
Kristal

Државниот завод за ревизија (ДЗР) алармира дека на рафтовите во Македонија постои ризик од козметички производи и детски играчки кои содржат забранети или опасни супстанции. Извештајот за 2024 година покажува сериозни пропусти во работењето на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Причината за оваа загрижувачка состојба е што листата на забранети супстанции во козметиката не е ажурирана од 2010 година и не следи европски стандарди. Во меѓувреме, Европската Унија повеќепати ја ревидирала својата листа, која сега брои 1.751 забранета супстанца, додека македонската останала со околу 1.600 – без промени во последните 16 години.

„Поради тоа постои ризик производи кои во ЕУ се сметаат за штетни, во Македонија да се продаваат како безбедни“, констатира ДЗР во извештајот.

Проблемот не е само во застарената листа. Недостатоци има и во лабораториските контроли. Институтот за јавно здравје и другите државни лаборатории не располагаат со опрема за проверка на сите забранети супстанции, вклучително фталати и бор, кои често се присутни во детските играчки. Повеќето центри за јавно здравје можат да проверуваат само микробиолошка чистота, основни хемиски параметри и присуство на неколку тешки метали.

Државниот ревизор предупредува дека неопходно е Министерството за здравство, заедно со Инспекторатот и Институтот за јавно здравје, да ја ажурира листата на забранети супстанции и да иницира законски измени кои ќе обезбедат редовно усогласување со европските стандарди.

Оваа ситуација го става потрошувачот во ризик, особено најмладите, и ја открива слабата контрола на безбедноста на производите на македонскиот пазар.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape