Во Скопје, медицинска екипа од Итна помош беше нападната додека констатираше смрт на 40-годишна жена во дом на Бит Пазар.
Според информации од МВР, по пристигнувањето на екипата составена од лекар, медицинска сестра и возач, сопругот на почината и нејзиниот брат, Б.Н. (39), упатиле закани кон медицинскиот тим.
Полицијата ги презема сите мерки и најавува дека по завршувањето на истрагата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

















