ПРВ.мк
Балкан

(ФОТО) СЕ ЗАПАЛИ КУЌА НА ПОЗНАТА СРПСКА ПЕЈАЧКА: Претходно ѝ беше запален автомобилот, со години трпи терор!

(ФОТО) СЕ ЗАПАЛИ КУЌА НА ПОЗНАТА СРПСКА ПЕЈАЧКА: Претходно ѝ беше запален автомобилот, со години трпи терор!
Kristal

Познатата српска пејачка на „Гранд“, Марина Радосављевиќ, повторно стана жртва на насилство – нејзината куќа беше зафатена од пожар, кој таа тврди дека бил подметнат намерно.

– „Пожарот го подметна неидентификувано лице. Тоа е семеен имот, мој…“ – кратко изјави пејачката за „Гранд“, додавајќи дека и покрај драмата се чувствува добро.

За жал, ова не е прв напад врз неа. Во септември минатата година, непознати лица ѝ ја запалија автомобилот и помошната зграда во дворот на семејната куќа.

– „Мојот автомобил, автомобилот на мајка ми и предмет во дворот на куќата беа запалени. Штетата е огромна, но најголемата траума е тоа што се чувствувам небезбедно во сопствениот дом. Оваа тиранија трае речиси 4 години“ – напиша Радосављевиќ, повикувајќи на брза реакција од полицијата и институциите.

Пејачката нагласува дека со години трпи континуирани обиди за насилство и дека верува дека никој не треба да биде оставен на милост на насилниците.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape