Полицијата презема интензивни мерки за пронаоѓање на 73-годишна државјанка на Словенија, за која е пријавено дека исчезнала откако влегла во Македонија.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека К.К. (73) од Република Словенија на 1 август влегла во земјава преку граничниот премин Табановце.
По влезот во Македонија, таа станала недостапна на телефонските повици, по што случајот бил пријавен во полиција.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат сите потребни мерки и активности за нејзино пронаоѓање и за утврдување на околностите под кои исчезнала.








