Сериозен инцидент е регистриран во Општина Желино, откако 34-годишен маж од тетовското село Стримница со остар предмет упатувал закани кон градоначалникот на општината.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 2 јануари 2026 година, околу 10 часот, осомничениот Ф.Б. влегол во просториите на Општина Желино и со нож му се заканувал на градоначалникот Б.С. (40) од селото Копачин Дол.
По пријавата, полициски службеници од Полициското одделение Групчин веднаш презеле мерки, по што Ф.Б. бил пронајден, приведен и задржан во полициска станица.
Од МВР информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот, а против лицето ќе следуваат соодветни законски постапки.
















