Утрово големи гужви и нервоза ги пречекаа патниците на македонските гранични премини – најголем притисок имаше на Табановце и Богородица, каде што времето на чекање се движеше од 30 до 45 минути, според извештаите од АМСМ.
На Табановце, патниците кои влегуваа во државата чекале и до 45 минути, додека на Богородица, излезот од Македонија се одвивал со задржување од околу 30минути.
Од другите гранични премини нема пријави за поголеми гужви – сообраќајот таму течеше релативно нормално, без значајни доцнења.
Патната мрежа низ државата е сува и проодна, но поради почетокот на викендот и засилените летни патувања, беше регистриран зголемен интензитет на возила, особено на патиштата надвор од градовите.